ЖРК Куманово во наредните 30 дена ќе игра без публика

11.03.2020 10:45 | KumanovoNews

Натпреварите кои ЖРК Куманово ќе ги одигра во наредните 30 дена ќе бидат без присуство на публика, соопштуваат од Ракометната Федерација на Македонија.

ЖРК Куманово во наредните 30 дена ќе игра без публика

Во извештајот на Ракометната Федерација на Македонија стои дека ова е согласно преземените дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирус.

Дополнително во заклучоците се предвидуваат и санкции за непочитување согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk