1.000 евра казна ако фирмите не пријават и-мејл

22.03.2011 09:22 | KumanovoNews

 Сите фирми мора да пријават и-мејл адреса во централниот регистар во Македонија. Ако не го направат тоа до први април ќе се соочат со казни од 1.000 евра.

1.000 евра казна ако фирмите не пријават и-мејл

Казни се предвидени и за одговорното лице и тоа во висина од 250 до 500 евра, а предвидени се согласно измените на Законот за едношалтерски систем. Пријавувањето на и-мејл адресата е потребно и за доставување на податоци кои се донесуваат во електронска форма  преку едношалтерски систем. Во централниот регистар тврдат дека постапката е едноставна и на фирмите ќе им бидат потребни само неколку минути за да ја спроведат. Пријавувањето на и-мејл адресата се врши со придружно писмо и образец во Централниот регистар на Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk