1,1 милион денари за „Гробишта на автомобили“, 700.000 денари за Денови на комедија

17.02.2020 20:31 | KumanovoNews

 Еден милион и сто илјади денари ќе издвои Министерството за култура годинава за поддршка на претставата „Гробишта на автомобили“ на режисерката Нела Витошевиќ и 700.000 денари за Меѓународниот театарски фестивал Денови на комедија.

1,1 милион денари за „Гробишта на автомобили“, 700.000 денари за Денови на комедија

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, ги објави резултатите од Годинешниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес, кое го добила од Министерството за култура.

Финанскиска поддршка ќе добијат и претставите „Вообразен болен“ во режија на Драгана Стојчевска Гунин со 700.000 денари,  претставите на албански јазик „Игра на љубовта“ во режија на Нехат Мемети 800.000 денари и „Затвореник од 15 кат“ режија Аферида Боички 900.000 денари. 

За Деновите на комедија организаторите побарале  2,5 милиони денари, а одобрени се само 700.000 денари што е далеку од потребното ако се знае дека оваа манифестација ја посетуваат околу 10.000 посетители. Минатата година за 15 дена беа прикажани 10 претстави, а за некои имаше и реприза.

Центарот за култура доби и 910.000 денари за набавка на опрема за осветлување. Вкупната вредност на проектите изнесува близу 6 милиони денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk