1.4 милиони денари за одржување на светлосната сигнализација

20.02.2015 10:33 | KumanovoNews

Општина Куманово одвои 1.4 милиони денари за одржување на семафорите на крстосниците во градот.

1.4 милиони денари за одржување на светлосната сигнализација

 Од секторот за урбанизам во општина Куманово информираат дека тендерската постапка е во завршна фаза. Помошник раководителот во секторот за урбанизам , Момчило Јовановски информираше дека за месец дена се очекува и поставување на семафорот на кростосницата на булеварот „Окотмвриска револуција„ и улицата „Пионерска„.

“Проектот вклучува подземна инфраструктура. Деновиве ќе поднесеме  барање до ЕВН за одобрување на приклучок, бидејќи согласно новите мерки потребно е посебно броило“ - вели Јовановски.

Семафорот кој падна при последното невреме во Куманово ќе биде вратен на своето место за седум дена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk