Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Нови 43 случаи на заразени од коронавирус се регистрирани во изнинатото деноноќие во Куманово, потврдуваат од Центарот за јавно здравје Куманово.
Според директорот Ариф Љатифи, 10 од заразените се членови на Општинскиот кризен штаб меѓу кои и градоначалникот Максим Димитриевски, а 21 се здравствени работници.
- 19 новозаболени се од Кумановската болница, по еден од Здравствениот дом и од приватна ординација. Меѓу заболените има петмина лекари. Зголемениот број на позитивни случаи е резултат на големиот број на тестирани групи, кои имаат повеќе контакти, - изјави Љатифи.
Тој вели дека во Куманово се дефинирани и идентификувани 12 кластери на заразата и дека состојбата е под контрола и покрај големиот број на новозаболени.
Во Кумановската болница бројот на потврдени од КОВИД-19 се искачи на 73.
Во Куманово досега се заболени 305 лица.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk