10 години KumanovoNews

28.04.2018 11:32 | KumanovoNews

 KumanovoNews денеска слави јубилеј-10 години постоење и успешна работа. Пред една деценија на големиот христијански празник Велигден се отвори првиот информативен интернет портал во градот и регионот www.kumanovonews.com.

10 години KumanovoNews

Заедно со уште неколку национални и локални портали почнавме да испишуваме нова страница во развојот на интернет медиумите во државата. Со нашето појавување, предизвикавме пресврт во брзиот пристап до информации  и го донесовме онлајн информирањето во Куманово. Со многу работа, труд и посветеност, успеавме да се наметнеме како релевантно информативно гласило не само во регионалниот, туку и на националниот медиумски простор. Со нашата професионалност, брзото и точно информирање, за многу кратко време достигнавме огромна читаност и доверба кај граѓаните.

Многу животни приказни, истражувачки стории, интервјуа, колумни, репортажи, извештаи, информации, вести и безброј други текстови секојдневно поминуваа низ нашите странички.

Соработка со училишта, градинки, јавни институции, граѓански организации, компании, политички партии, подршката на бројни хуманитарни, еколошки, културни настани и уште многу други активности се дел од нашата секојдневна работа.

KumanovoNews го градеше своето име и имиџ, и се бореше за свое место под сонцето чесно, без препишување, без тенденциозни текстови, лични пресметки и дискредитација. Со проверени и точни информaции, создаваме исклучиво авторски текстови.

Без вашата поддршка нашата работа ќе немаше смисла. Ќе продолжиме да бидеме свои и да ја оправдаме вашата доверба и очекување.

Драги читатели, деловни соработници и пријатели, ви благодариме!

Нека ни е честит роденденот!

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk