10 години затвор за полов напад на болно девојче

07.03.2012 08:56 | KumanovoNews

Даниел Јакимовски (21) од селото Клечовце е осуден на 10 години затвор затоа што извршил полов напад врз дете со пречки во развој.

10 години затвор за полов напад на болно девојче

 Според обвинението, нападот се случил во септември минатата година во селото Долно Којнаре во куќата на десетгодишното девојчето, кога немало никој дома. Осудениот околу 20 часот отишол во нејзината соба и ја пронашол како спие. Ставил ќебе на прозорецот за да не се гледа од надвор, го скорнал детето од кревет, почнал да го соблекува, и да го допира по телото. Откако сексуално се задоволил  излегол надвор и тргнал да си оди со пријателот кој што го чекал во дворот.

Болното девојче голо излегло по него, по што наишла и мајка му. Таа го пријавила случајот во полиција и насилникот бил приведен.

Во текот на судењето било откриено дека мајката на девојчето и Даниел подолго време биле во интимна врска. Критичниот ден тој дошол да ја побара неа, а откако не ја нашoл се изживувал пред нејзиното дете.

Тој на судењето признал дека влегол во собата и го соблекол девојчето, но не признавал дека има сексуални односи со неа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk