10 нови случаи на коронавирус во Куманово, 241 во земјава

18.07.2020 16:53 | KumanovoNews

 Во последните 24 часа во земјава се регистрирани 241  нови случаи на ковид-19 од направени 1700 тестирања. По градови Скопје 73, Куманово 10, Штип 60, Тетово 32, Гостивар 14...

10 нови случаи на коронавирус во Куманово, 241 во земјава

Починати се 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравени лица.

Досега во земјата се направени вкупно 84916 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9026,  бројката на оздравени пациенти е 4727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3885.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk