100 евра за подготовка на прваче

02.09.2014 09:38 | KumanovoNews

За да се подготви прваче на училиште ќе треба околу 6000 денари. Средствата се потребни пред се за ранец и училишен прибор, како и облека за првиот училишен ден.

100 евра за подготовка на прваче

Деновиве има голем метеж во книжарниците во градот. Родителите заедно со децата купуваат ранци, тетратки, боици, моливи и се друго што е неопходно за на училиште.

“Треба да купиме многу работи. Само што почнавме со купување, но сигурно ќе не чини 2000 до 3000 денари. Гардероба веќе купивме за што дадовме околу 4000 денари. Вкупната сума ќе биде околу 100 евра или нешто повеќе“ - вели Ивана Јовановска, родител на првооделенче.

Од книжарниците велат дека зависно од џебот на родителите и желбите на децата за купување на училишен прибор се потребни од 1500 до 3000 денари.

“Колку ќе потрошат зависи од тоа што ќе купуваат, од стандардот. Има ранци од 500 до 1500 или 2000 денари. Третратките не се скапи, ќе им требаат пет или шест, моливи исто ефтини се. Плус боички, фломастери, несесери. Кај нас повеќето муштерии бараат квалитет, затоа што ако купат ефтин ранец ќе се скине, ќе го рекламира или ќе купува три пати во година“ - велат од книжарница “Херби“.

За да подготват прваче за на училиште родителите месецов ќе потрошат значителен дел од нивниот домашен буџет.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk