„11 Октомври“ го прослави патрониот празник

11.10.2016 13:54 | KumanovoNews

Основното училиште „11 Октомври„ вчера го прослави патрониот празник и 52 години постоење и успешна работа. По тој повод во училиштето се одржа приредба во која учествуваа повеќе ученици, а на присутните се обрати директорката Елизабета Костиќ.

„11 Октомври“ го прослави патрониот празник

„Ова е завршната манифестација на која предходеа повеќе активности, како што беа литературен и ликовен конкурс, каде учествуваа покрај нашите и ученици од другите основни училишта во градот. Сите твореа на тема „Шекспир вечна инспирација„. Имавме и турнир во мал фудбал, учествувавме на ликовна колонија, - изјави директорката Костиќ.

Училиштето, помеѓу двата патронати, може да се пофали со повеќе проекти кои треба да финишираат во текот на годината. Истовремено учениците покажале значителни резултати на општинските и државни натпревари. Минатата година се збратимиле со училиште во Благоевград, а годинава е планирано збратимување со училиште во Истамбул.

Во „11 Октомври“ учат 468 ученика.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk