110 - годишнината од Кумановската битка ќе се одбележи во недела на Зебрњак

21.10.2022 11:14 | KumanovoNews

Во недела во 12 часот на Спомен костурницата „Зебрњак“ ќе се одбележи 110 годишнината Кумановската битка, која се случила на 23 и 24 октомври 1912 година во близина на Куманово.

110 - годишнината од Кумановската битка ќе се одбележи во недела на Зебрњак Фото: Мери Георгиевска

Во Кумановската битка, српската војска изгуби 687 војника, 3.280  биле ранети и 597 исчезнати. Турска Вардарска армија, пак, претрпела пораз со 1.200 загинати, 3.000 ранети и 327 заробени војника.

Годишнината од битката ја организира Владата на Република Србија и Амбасадата на Република Србија во Македонија. 

Во име на Владата на Србија цвеќе ќе положи  министерката Дарија Кисиќ - Тепавчевиќ.

Од Амбасадата на Република Србија во Македонија ги повикуваат граѓаните да дојдат на комеморативната церемонија. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk