12 новозаболени од коронавирус во Куманово и Липково

15.07.2020 15:49 | KumanovoNews

Нови 12 случаи на ковид-19 се регистрирани во Центарот за јавно здравје во Куманово. Од нив 7 се од Куманово и 5 од  Липковско.

12 новозаболени од коронавирус во Куманово и Липково

Вкупниот број на заразени во државата денеска е 198 лица. Во последните 24 часа се направени 1382 тестирања.

По градови: Скопје 83, Свети Николе 27, Куманово 12, Штип 21,  Тетово 9, Битола 11, Гостивар 10...

Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица.

Досега во земјата се направени вкупно 80774 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8530, бројката на оздравени пациенти е 4565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3572.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk