Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановски акцијаши и акцијаши од 12 градови од Босна и Херцеговина и Србија и од повеќе македонски градови, работат на расчисување на речното корито на Кумановка и на уредување на стариот градски парк.
Половина од 120-те акцијаши го чистат коритото на реката,а половина работат во градскиот парк.Акцијата „Зелено Куманово“ се спроведува на иницијатива на „Кумановски акцијаши“ со поддршка на општина Куманово и „Чистота и Зеленило“.
„Се расчистува речното корито од вливот до старата кланица“ - изјави градоначалникот, Зоран Дамјановски.
Тој најави уредување на стариот градски парк и апелираше граѓаните совесно да се одесуваат и да не ја загадуваат околината.
Директорот на ЈП „Чистота и Зелеило“, Сашо Петрушевски, изјави дека и нивни екипи се вклучени во проектот, а најави и нови проекти, меѓу кои и изнесување на кабаст отпад, еден ден во неделата.
Јусуф Љатифи, претседател на „Кумановски акцијаши“ додава дека акциите продолжваат и наредните викенди.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk