129 болни лица ќе гласаат во домашни услови

13.10.2017 21:07 | KumanovoNews

129 болни и изнемоштени лица од Куманово, утре ќе гласаат во домашни услови, еден ден пред локалните избори.

129 болни лица ќе гласаат во домашни услови

„До Општинската изборна комисија (ОИК) Куманово беа поднесени 158 барања, но 29 се одбиени поради тоа што медицинската документација што ја доставиле не ги исполнива условите да гласаат во домашни услови. Тие можат да го остварат своето гласачко право на денот на изборите“, - изјавија од ОИК.

Во ОИК нема пријавено раселени лица, а двајца што се во куќен притвор не се пријавиле да гласаат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk