13 штркови гнезда во кумановско

15.08.2015 08:54 | KumanovoNews

Во кумановско има 13 гнезда со  штркови, од кои најголем дел се лоцирани во селото Пчиња.

13 штркови гнезда во кумановско

До овие податоци дошло Македонското еколошко друштво, кое изминативе месеци правеше попис на штрковите гнезда во земјава.

“Најголем број од гнездата се на електрични столбови, а волонтерот кој разговарал со локалците за време на броењето добил и многу поплаки за гнезда кои се запалувале или пречеле на електричните столбови. Исто така, во кумановскиот регион имало многу случки во кои локалното население им помагало на штрковите кога гнездата или младите им биле во неволја“ - вели Ксенија Путилин од Македонско еколошко друштво.

Овие птици во Македонија се сметаат за богатство и тие се чест симбол во многу народни легенди. Во земјава има точно 817 гнезда на штркови и во нив има 2.023 млади и 1.638 возрасни штркови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk