13 загинати во превртен автобус на патот Скопје-Тетово

13.02.2019 21:35 | KumanovoNews

13 патници загинаа во тешка сообраќајна несреќа што попладнево околу 17 часот се случи на патот Скопје-Тетово во близина на селото Ласкарци. Автобусот превезувал патници за Гостивар.

13 загинати во превртен автобус на патот Скопје-Тетово

Од сеуште непознати причини патнички автобус на компaнијата „Дурмо-турс“, додека се движел по автопатот изгубил контрола, ги пробил заштитните огради и излетал од патот во провалија, по што се превртел. Во несреќата се повредени уште триесетина патници, од кои 8 се во критична состојба. Сите  се сместени на скопските клиники.

„Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител ќе издаде наредби за обдукција на починатите лица, како и за вонреден технички преглед на возилото. Во текот на ноќта местото на несреќата ќе биде обезбедено, а увидот и извлекувањето на автобусот ќе продолжи во текот на утрешниот ден. Возачот на автобусот е повреден и хоспитализиран, а од страна на надлежен јавен обвинител е издадена наредба за анализа на крв и урина“, соопшти Обвинителството.

(Фото: СДК.мк)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk