14 вагони од товарен воз излетале од шините кај Романовце, повредени нема, потврди МВР

28.04.2021 09:32 | KumanovoNews

Товарен воз кој сообраќал на релацијата Трубарево до Куманово, утринава излетал од шините во близина на селото Романовце.

14 вагони од товарен воз излетале од шините кај Романовце, повредени нема, потврди МВР

„Денеска околу 09.10 часот било пријавено дека 14 вагони од товарен воз кој се движел на релацијата од Трубарево до Куманово, помеѓу железничките станици Романовце и  Куманово, се излизгале од пругата. Поврдени лица нема, а железничкиот сообраќај е во прекин“, соопшти МВР.

Од Јавното претпријатие за Железничка инфраструктура, велат дека првин ќе се расчисти пругата од излизганите вагони, по што стручни екипи ќе извршат санација на оштетениот дел.

(Фото: Радио Бум)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk