142 години од раѓањето на Гоце Делчев

04.02.2014 11:10 | KumanovoNews

Во Гимназијата “Гоце Делчев“, денеска со пригодна свеченост се одбележаа 142 години од раѓањето на патронот.

142 години од раѓањето на Гоце Делчев

Свежо цвеќе пред бистата во дворот на Гимназијата положија делегации од училиштето, општината, Советот на Општина Куманово, политичките партии, невладини организации и други. Директорот Љубиша Николиќ потенцираше дека 69 години достојно го носат името на овој народен херој, а нивни ученици денес се видни граѓани во општеството.

Името на Гоце Делчев е поврзано со вековната македонска револуционерна борба и тој навистина е синоним на таа борба која ја продолжуваат и денешните генерации. Сметаме дека денеска со едно вакво чествување на овој голем ден за нас и за Република Македонија одаваме почит на Гоце Делчев и неговите соборци кои ги дадоа своите животи за слободна и независна Македонија, но за жал таа нивна генерација не ги почувствува тие благодети - рече Николиќ.

Гоце Делчев е роден во Кукуш на 4 февруари 1872, а загинал во село Баница на 4 мај 1903 година. Тој е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk