148 илјади евра одземени на македонски државјанин на преминот Прешево

07.06.2021 11:39 | KumanovoNews

Македонски државјанин во саботата останал без 148 илјади евра откако се обидел нелегално да ги пренесе преку граница.

148 илјади евра одземени на македонски државјанин на преминот Прешево

На граничниот премин Прешево на српско-македонската граница, во автомобил на 72-годишниот патник од Германија, српските цариници и полицијата пронашле вкупно 158.000 евра во апоени од 200 и 500 евра.

Парите биле скриени во јакна и во торбички за лични документи.

Како што соопштуваат од Царинската управа на Србија, патникот рекол дека нема ништо да пријави, освен личните работи и дозволените 10.000 евра. Но, при детален преглед на неговиот автомобил „мерцедес“ во џебовите на јакната на задното седиште и во торбичка под седиштето биде најдени парите.  

На патникот му се вратени 10.000 евра, а останатите со судска одлука по итна поступка трајно се одземени во корист на државниот буџет, соопштуваат од Српската царина.

(Фото. Царинска управа на Република Србија)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk