15-годишник со автомобил удрил во бетонска жардиниера на „Октомвриска“- двајца повредени

15.06.2020 15:45 | KumanovoNews

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа, која се случила на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово, кога малолетник управувајќи автомобил излетал од коловозот и удрил во жардиниера, а потоа и во деловен објект. 

15-годишник со автомобил удрил во бетонска жардиниера на „Октомвриска“- двајца повредени

Според МВР,  вчера во 14.50 часот било пријавено дека во Куманово на бул. „Октомвриска револуција“ патничко моторно возило “форд фокус“ управувано од 15- годишник од Куманово удрило во бетонска жардиниера, па во метална врата од сервис за миење автомобили.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 17 годишен сопатник, а со телесни повреди се здобил друг сопатник Ф.Ј.(18) двајцата од Куманово. Тие биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk