15 компании добија лиценца за одгледување канабис, ни една од Куманово

10.04.2019 14:52 | KumanovoNews

 Ниту една компанија од Куманово не се најде на најновата листа на лиценцирани компании од Владата за одгледување на канабис за медицински цели.

15 компании добија лиценца за одгледување канабис, ни една од Куманово

Премиерот Зоран  Заев, денеска објави дека се лиценцирани 15 компании во Скопје, Гостивар, Карбинци, Кочани, Валандово и Струмица. Инвестицијата чини 40 милиони евра, а се очекува да бидат ангажирани 300 нововработени лица.

Неофицијално, во Куманово има две лиценцирани компании, а уште неколку подготвуваат терен да се вклучат во овој бизнис. Една од нив е фирмата „Мар-медика“, која гради сериозни капацитети за одгледување и екстракција на канабис. Фабриката ќе биде сместена во индустриската зона Речица.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk