15 литри дожд наврнаа во Куманово

16.08.2020 11:05 | KumanovoNews

Во изминатите 24 часа во Куманово наврнаа 15 литри на метар квадратен дожд. Најмногу врнежи имаше во  Крива Паланка 29, а најмалку во Ѓуриште 4 л/м2.

15 литри дожд наврнаа во Куманово

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени. УВ=7.

Во следните денови во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Во среда на повеќе места да биде нестабилно, а локално процесите да бидат и поинтензивни.

Постабилно и нешто потопло време се очекува кон крајот на наредната седмица.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk