Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово има 150 слободни работни места, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување на Македонија.
Огласите објавени од работодавачите во весниците се сумирани на едно место за да бидат подостапни за невработените кои бараат работа. На ниво на држава најмногу слободни работни места има во секторите трговија, преработувачка индустрија, транспорт, градежништво и други.
Карактеристично е тоа што во поголемите градови има поголем број на слободни работни места, додека малите населени места се со минимален број на слободни работни позиции.
Според податоците на АВРМ, повеќе слободни работни места од Куманово имаат Скопје 2383, Охрид 318, Штип 275, Битола 274, Струмица 154, а помалку имаат Кавадарци 136, Кочани 115, Прилеп 103 и други.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk