Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На 24 март 1999 година, авионите на НАТО го започнаа бомбардирањето на Сојузна Република Југославија.
Во воздушните напади кои траеја 78 денови, животот го загубија 2.500 граѓани, а околу 5.000 беа повредени.
Српската заедница во Куманово утрово во црквата „Света Троица“ оддаде почит на жртвите од воздушните напади.
„Првичните цели на НАТО алијансата беше бомбардирање на воени објекти на радарски системи на касарни на војската на тогашна СРЈ за да понатаму премине во бомбардирање на цивилни објекти, на болници, патишта, железнички пруги и слично. Направена е огромна материојална штета“, - рече Горан Зафировиќ, претседател на Српска заедница во Куманово.
Воената интервенција официјално заврши на 11 јуни 1999 година кога беше потпишан кумановскиот договор.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk