17 новозаразени и 13 оздравени од ковид-19 во Куманово

16.09.2020 15:38 | KumanovoNews

 Во последните 24 часа регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во државата, а направени се 1721 тестирања. По градови: Скопје 33, Струмица 18, Куманово 17, Тетово 13,  Кочани 11, Гостивар 8, Прилеп 7, Крива Паланка 2 и др.

17 новозаразени и 13 оздравени од ковид-19 во Куманово

Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струга (78 и 80), пациент од Кочани (77), од Струмица (44), од Скопје (72), од Битола (79) и еден пациент од Гостивар (79).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 132 оздравени пациенти од: Скопје 46, Куманово 13, Прилеп 12, Гостивар 12, Крива Паланка 2  и др.

Досега во земјата се направени вкупно 169.481 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16088,  бројката на оздравени пациенти е 13550, на починати е 668, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1870.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk