Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бекир Незири (42) од Витина, Косово, државјанин на Република Франција, осуден е на 18 години затвор затоа што го убил таткото на поранешната сопруга и го ранил нејзиниот брат во кумановската населба „Тоде Мендол“.
Кривичниот совет во Кумановскиот суд, го прогласи Незири за виновен за сторено кривично дело убиство откако тој пред Судот го призна делот, но изрази жалење и каење за она што го сторил.
На осудениот продолжен му е притворот до правосилноста на пресудата, односно до почеток на издржување на казната.
Убиството и убиство во обид се случи на 27 јули минатата година, кога Незири, кој живеел и работел во Швајцарија, дошол да го види синот во домот на сопругата со која воделе бракоразводна парница, а недоразбирањето било околу стрателство на детето. Тогаш настанала расправија со членовите на семејството, по што поранешниот зет извадил пиштол и смртно го ранил дедото, а тешко го повредил шурата. Вечерта по убиството пронајден е неговиот автомобил бмв во липковското село Никуштак, а тој пребегал во Косово. Подоцна е уапсен по распишана меѓународна потерница и екстрадиран во Македонија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk