18-годишно девојче загина, а двајца се повредени во сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје

06.08.2021 08:32 | Сузана Николиќ

Осумнаесетгодишно девојче од Куманово загина, а две лица се повредени, во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Куманово.

18-годишно девојче загина, а двајца се повредени во сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје

Сообраќајката се случила синоќа во 21:55 часот, на еден километар пред наплатната рампа на патарината во Романовце, во насока на Куманово,  кога патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.В.(20) од Куманово удрило во товарно возило  „застава“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(55) од селото Старо Нагоричане, кумановско.

„На местото на незгодата починала М.М.(18) од Куманово, сопатничка во возилото „ауди“. Додека, С.В. се здобил со тешки телесни повреди, а Д.В. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово“, - соопшти МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk