18 нови позитивни на ковид-19 во Куманово, 386 во државата

09.10.2020 18:59 | KumanovoNews

 Во последните 24 часа регистрирани се 386 нови случаи на ковид-19, а направени се 2267 тестирања.

18 нови позитивни на ковид-19 во Куманово, 386 во државата

По градови во: Скопје 178, Струмица 44, Куманово и Гевгелија 18, Прилеп 20, Крива Паланка 7, Свети Николе 3  и др.

Починати се 6 лица, два пациенти од Скопје по 67 години, пациентка од Тетово (72), од Битола (44), Струга (62) и Свети Николе (81).   

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти. Од Куманово 23.

Досега во земјата се направени вкупно 203779 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20163, бројката на оздравени пациенти е 16009, на починати е 781, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3373.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk