18 новозаболени и 9 оздравени од корона во Куманово

19.09.2020 17:55 | KumanovoNews

Во Центарот за јавно здравје во Куманово во изминатото деноноќие регистрирани се 18 новозаболени и 9 оздравени пациенти од ковид-19. На ниво на државата регистрирани се 140 нови случаи , а направени се 1397 тестирања.

18 новозаболени и 9 оздравени од корона во Куманово

По градови: Скопје 47,  Куманово 18, Тетово 15, Прилеп 7, Штип 3, Крива Паланка 2,   и др.

Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (84, 73 и 74), двајца од Тетово (68 и 55) и еден пациент од Струга (62). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 174.097 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16557, бројката на оздравени пациенти е 13792, на починати е 689, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2076.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk