18 смарт табли и 26 компјутери набави Општина Куманово за Гимназијата „Сами Фрашери“

18.01.2021 11:53 | KumanovoNews

Осумнаесет смарт табли и дваесет и шест нови компјутери денеска се поставени во Средното општинско училиште „Сами Фрашери“ во Куманово.

18 смарт табли и 26 компјутери набави Општина Куманово за Гимназијата „Сами Фрашери“

Опремата е набавена од страна на Општина Куманово, а од училиштето очекуваат со овие средства значително да им се подобри спроведувањето на образованиот процес.

„Смарт таблите и новите компјутери се набавени од страна на Општина Куманово, а со ова целосно се менуваат условите, сега очекуваме изведувањето на наставата да биде многу подобро, а особено затоа што сега имаме и онлајн настава. Компјутерите и смарт таблите ќе ги подобрат условите и за учениците, но и за вработените“, рече директорот на училиштето, Африм Алити.

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски на својот фејсбук профил напиша дека следи и доопремување на училиштето и со нови реквизити за кабинетите по хемија, физика и биологија.

Во Гимназијата „Сами Фрашери“ настава посетуваат осумстотини ученици во триесет и две паралелки.

(Ф.М.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk