Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На почетокот на март во кампот престојуваа над 1500 бегалци од Сирија, Авганистан, Ирак, Либија и Пакистан, кои по затворањето на балканската рута се вратија во Грција и Турција
Вкупно 185 бегалци се сместени во прифатниот транзитен центар Табановце. Во центарот е обезбедeна 24 часовна здравствена заштита од лекарите од Здравствениот дом и Општата болница Куманово. Според докторката Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово, во кампом се врши континуирана дезинфекција, дезинсекција и дератизација на објектите и просторот каде се сместни мигрантите.
„Од 8 март до сега регистрирани се 70 заразни заболувања, кои главно се пренесуваат на допир. Најголем дел дури 43 бегалците имале цревни забоувања, 10 варичела, вошливост и шуга. Сите болести се ставени под контрола и не дозволивме да се прошират на останатите мигранти, - информираше Стаменковски, пред советниците.
На почетокот на март во кампот во Табановце престојуваа над 1500 бегалци од Сирија, Авганистан, Ирак, Либија и Пакистан, кои по затворањето на балканската рута се вратија во Грција и Турција.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk