20 години затвор за убиство од користољубие

18.10.2011 10:19 | KumanovoNews

 Во Основниот суд Куманово на 20 години затвор е осуден Јашари Раиф (33) од селото Ропаљце затоа што го убил од користољубие Шериф Салиху (29) од истото село и го фрлил во нива.

20 години затвор за убиство од користољубие

 Убиството се случило во мај минатат година поради долгогодишно нетрпение и нерасчистени должничко-доверителски односи меѓу двете семејства.

Беживотното тело на Салихи било пронајдено со прострелана рана во стомакот во атарот на селото Ново село, покрај стариот пат Куманово- Арачиново. Предходниот ден негови роднини пријавиле дека тој исчезнал, откако го пронашле неговиот празен автомобил. Салихи бил убиен на патот покрај својот црн голф, а потоа бил одвлечен и фрлен во нивата со жито. На патот имало траги од крв, а дел од нив биле прекриени со земја. Убиецот пукал со автоматска пушка, а пронајдена е една чаура.  Очевидци на убиството немало, но еден жител од селото додека работел на нивата слушнал необичен звук за кој претпоствува дека е од испукан куршумот. Телото го нашле полициски кучиња трагачи.

Една недела по убиството Раиф бил откриен и приведен од полицијата.

На Раиф му е судено и за недозволено поседување на оружје. Тој пред судот не го признавал делото и се бранел дека не го извршил убиството.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk