Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 200.000 евра годишно ќе чинат спортски активности на учениците во затворениот базен, кои треба да ги плати општина Куманово.
Според пресметките на ВМРО-ДПМНЕ тоа е 140 евра за еден училишен час или 10 евра по секое семејство во општината.
“Во предлог-одлуката е предвидено од буџетот на општина Куманово да се одвојуваат 1 милион денари месечно или 12 милиони денари годишно. Во Куманово има околу 20.000 семејства, излегува дека секое семејство треба да одвои по 600 денари само за оваа намена. Тоа е 1% од вкупниот буџет на општината. Ако дневно се предвидуваат 6 наставни часа, излегува дека за 1 час од 45 минути општината треба да одвои околу 140 евра, што и за многу побогати општества е премногу. Убаво е да се има базен, ама дали не треба да ги прашаме граѓаните дали од својот и онака тенок семеен буџет се спремни да одвојат по 10 евра годишно, - изјави Драган Петковски, координатор на советничката група на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
Советниците на опозицијата вчера не гласаа за предлог-програмата за реализирање на наставни, вон наставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово, за учениците од основните и средните училишта за 2016 година, која требаше да се донесе по итна постапка. Тие ја напуштија седница, која потоа беше прекината поради немање кворум. Од СДСМ ги обвинија дека работата против интерeсите на граѓаните.
„ Коалицијата на СДСМ и ДУИ има доволно гласови да изгласа се што ќе посака. Така да обвинувањата на наша сметка се произволни и неаргументирани, и следниот пат пред да излезат со вакво лаичко обвинување им препорачуваме на колегите од СДСМ да избројат колку гласови имаат во советот. Базенот се отвори пред скоро два месеци, а се градеше повеќе години така да предлагачот имал доволно време ова програма да ја изготви и навремено да ни ја достави. Доставувањето на самата седница не може поинаку да го сфатиме освен како обид набрзина, на мала врата да се протурка нешто, без соодветна проверка и анализа. Ние не сме против ова идеја, ама не може да прифатиме и да гласаме за вака непрофесионално и набрзина приготвен текст, -додаде Петковски.
Тие имаа забелешки и за изработката на програмата, која им била доставена на една страница без никакво образложение, анализа и трошковник за предвидените средства. Затоа велат дека се остава простор за секакви шпекулации каде ќе се трошат парите.Во советот на општина Куманово мнозинство е коалицијата на СДСМ, но дел од советниците на позицијата вчера не беа во салата кога требаше да се гласа за програмата.
Затворениот базен во Куманово беше пуштен во употреба пред 1,5 месец а сеуште не започна со работа. Треба да се даде на користење на едно од јавните претпријатија, но нема целосна подршка ни од советниците на власта ни од опозицијата, па таа работе се плоронгира.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk