Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Децата без родители и децата од семејства кои примаат социјална, постојана парична помош, детски додаток, посебен додаток и годинава ќе користат бесплатен одмор.
Тие треба да се родени во период од 1999 до 2003 година односно да се редовни ученици во петто, шесто, седмо и осмо одделение во учебната 2013/2014 година.
До 27 јуни во Центарите за социјални работи може да се аплицира за користење на одмор на товар на државата. Истиот ќе се реализира по 1 јули во домашните летни туристички центри и ќе трае 7 дена. Бесплатниот одмор и рекреација за деца опфаќа 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно) , едукативни, забавни, спортски активности, превоз до одморалиштето и назад.
Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одморот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk