21 жена во трка за градоначалник

27.02.2013 12:46 | KumanovoNews

 На локалните избори во март, 21 жена ќе побара од гласачите мандат да води општина.

21 жена во трка за градоначалник

Од Македонското женско лоби се надеваат дека конечно во земјава жените ќе добијат поголема подршка да седнат во градоначалнилката фотеља.

Се трудиме таа бројка да ја зголемиме преку кампањи, работилници. Кандидати има 21 на ниво на Македонија, рано е да се калкулира колку ќе победат. Се даде можност и до 3 март може да имаме уште некоја жена кандидат. Советничките листи не сме ги анализирале, но според кажувањата законот се почитува за застапеност на жените. - вели Даниела Димитриевска, извршен директор на Македонско женско лоби.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk