Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Момче на 22-годишна возраст од Куманово почина од компликации на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје. Тоа пред десетина дена било донесено во Кумановската болница со веќе развиена масивна пневмонија, по што било префрлено на лекување на клиника.
Од Куманово починаа уште три лица на 85, 69 и 57 - годишна возраст. Регистрирани се и 53 новозаболени и 43 оздравени.
Во последните 24 часа на ниво на државата регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19, а направени се 5.844 тестирањe. По градови во: Скопје – 368, Тетово – 78, Гостивар и Куманово – по 53, Кичево – 40, Струмица – 39, Прилеп – 29, Охрид – 28, Кавадарци– 22, Струга – 20, Битола и Дебар – по 15, Ресен - 13, Свети Николе – 12, Велес и Радовиш – по 11, Делчево – 8, Неготино – 7, Кочани, Гевгелија, Валандово и Кратово – по 5, Крива Паланака, Берово и Виница – по 4, Штип, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3. Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 2, Демир Хисар – 1.
Пријавени се 37 починати лица: 10 починати лица од Скопје (78г, 73г, 71г, 69г, 69г, 67г, 61г, 56г, 48г, 42г), 8 починати лица од Тетово (85г, 83г, 80г, 78г, 74г, 63г, 62г, 53г ), По 4 починати лица од Куманово (85г, 69г, 57г, 22г ) и Струга (69г, 64г, 63г, 61г ),3 починати лица од Гостивар (81г, 66г, 58г ), 2 починати лица од Кочани (78г, 63г ), и по едно починато лице од Прилеп ( 62г ), Велес ( 35г ), Кавадарци ( 61г ), Струмица ( 79г ), Кичево ( 57г ) и Дебар ( 75г ).Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 661 оздравени пациенти од: Скопје – 227, Тетово – 110, Гостивар - 72, Струмица – 64, Кичево – 54, Куманово – 43, Штип – 16, Битола – 15, Радовиш и Дебар – по 11, Кочани – 9, Ресен – 8, Берово и Кратово – по 5, Велес – 4, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 2, Гевгелија – 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.158.171 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 176.494, бројката на оздравени пациенти е 156.307, на починати е 5.938, а бројот на активни случаи изнесува 14.249.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 76057, Активни 5523
Куманово 10215, Активни 898
Прилеп 8660, Активни 267
Тетово 10288, Активни 1976
Битола 6702, Активни 258
Велес 5759, Активни 220
Гостивар 7610, Активни 1199.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk