23 литра дожд наврна во Куманово

15.05.2019 08:26 | KumanovoNews

Вкупно 23 литри дожд на метар квадратен, навранале во изминатите 24 часа во Куманово. 

23 литра дожд наврна во Куманово

Најмногу дожд паднал во Ѓуриште, вкупно 36 литри на метар квадратен, а најмалку, два литра, во Дојран.

Како што соопшти УХМР, изминатото деноноќе заклучно со осум часот утрово наврнале 32 литра на метар квадратен во Виница, 28 во Лазарополе, 23 во Куманово, 21 во Гевгелија, 20 во Прилеп, 17 во Битола и Маврово, 16 во Дебар, 15 во Демир Капија и Крива Паланка, 14 во Крушево, 12 во Тополчани, 11 во Тетово, 10 во Охрид, девет во Пожаране, осум во Штип, четири во Претор и Струмица, како и три во Берово.

Вкупниот талог за изминатите 72 часа, од 12 мај до денеска е 81 литар на метар квадратен во Лазарополе, 73 во Маврово, 61 во Битола, 53 во Крушево, 46 во Ѓуриште, Пожаране и Претор, 44 во Охрид, 42 во Дебар, 38 во Прилеп, 35 во Куманово, 34 во Тополчани, 32 во Виница, 28 во Тетово, 23 во Гевгелија, 17 во Скопје-Петровец, 16 во Крива Паланка и Демир Капија, 15 во Скопје-З.Рид, 12 во Штип, пет во Струмица, четри во Берово и три литри во Дојран.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk