Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претседателот на Советот Максим Димитриевски, денеска од Спомен костурницата во Куманово ги повика локалните и државните власти да се грижат за културно-историските споменици во градот, откако посетителите на прославата ги пречека оштетен споменик со чкртаници и графити.
„Ова што денеска го гледам на ова свето место на Спомен костурницата во Куманово, главното обележје од Втората светска војна за сите паднати жртви за нашата независна држава, и нејзиното континуирано сквернавење само укажува дека многу малку сме направиле на патот на едукацијата на нашите генерации кои што живејат во независна Република Македонија. Апелирам до власта на локално и централно ниво во иднина да се обрати поголемо внимание и грижа за сите културно-историски споменици на нашата држава и нашиот народ. Бидејќи ова е срам не само за нас туку првенствено за оние кои што добиле мандат да ја водат државата„, - рече во обраќањето пред присутните претседателот на Советот на Куманово, Максим Димитриевски.
Од општина Куманово се правдаат дека споменикот е под надлежност на Министерството за култура и затоа е запуштен.
Но, граѓаните коментираа дека ако државата не дава пари за негово одржување, тогаш од општината можеле барем да ги избришат графитите .
Покрај Спомен костурницата во уште полоша состојба се наоѓа Менкова колиба и сите останати споменици во градот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk