Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Националната установа „Центар за култура“ Тетар Куманово ќе добие 2,5 милиони денари или околу 40 илјади евра од Годишната програма на Министерството за култура за четири проекти од областа на драмска дејност.
Средствата се однесуваат на четири претстави од кои две на македонски и две на албански јазик.
Најмногу средства во висина од 800 илјади денари доби претставата на македонски јазик „Ноќ спроти Водици“ од Вилијам Шекспир во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, потоа 670 илјади денари претставата на албански јазик „Писмо“ од Танкред Дорст во режија на Нехат Мемети, 600 илјади денари се одобрени за претставата „Мажи со влечки“ од Миро Гавран во режија на Маригона Бектеши Ферати и 470 илјади денари за претставата „Не можам да платам? Не сакам да платам“ од Дарио Фо во режија на Владимир Николовски.
Минатата година за ист број на претстави биле одобрени три милиони денари.
Поради реконструкција на зградата на Театар Куманово, претставите ќе се одржуваат на сцената во Центарот за култура.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk