27-годишник од Липково почина од коронавирус

31.10.2020 13:27 | KumanovoNews

27-годишен пациен од Липково починал на клиниката на Инфективни болести во Скопје од компликации од ковид-19. 

27-годишник од Липково почина од коронавирус

Од Центарот за јавно здравје во Куманово, велат дека денеска се известени за еден починат пациент од Липково и во тек е проноаѓање на контактите на веќе починатиот, кој предходно бил хоспитализиран на Инфективното одделение во Општата болница Куманово, а со тешка клиничка слика препратен на Клиника за инфективни и фебрилни состојби Скопје.

Момчето било донесено во Кумановската болница откако 6 дена се лекувало дома, а 4 дена бил под надзор на матичен лекар. Пациентот немал хронични заболувања освен покачена телесна тежина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk