27 жртви во сообраќајки за две години

25.10.2013 08:43 | KumanovoNews

 Вкупно 27 луѓе загинале во сообраќајни несреќи во кумановско во текот на 2011 и 2012 година.

27 жртви во сообраќајки за две години

 Статистиката на Министерството за внатрешни работи покажува дека лани животот го изгубиле 13 лица, а годината пред неа 14 луѓе.

Црни точки во сообраќајот се: местата Смилчинци и Света Петка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, Павлешенце на патот кон Свети Николе, Черкезко село на стариот пат кон Скопје, а во градот раскрсницата на Октомвриска Револуција и Трета МУБ.

Во 2011 година се регистрирани 550 повредени во сообраќајни несреќи и 362 сообраќајни незгоди со потешки последици. Во 2012 година бројката на повредени изнесува 543, а имало 331 сообраќајка со сериозни последици.

Според статистиката во 2012 година имало сообраќајка со причинета материјална штета од 9,4 милиони денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk