28 деца од Куманово на бесплатен одмор

28.06.2013 08:56 | KumanovoNews

 28 деца од социјално загрозени семејства во понеделник заминуваат на бесплатен одмор и рекреација во одморалиштето “Мајски цвет“ во Струга.

28 деца од Куманово на бесплатен одмор

Три од овие деца се со посебни потреби и во Струга ќе престојуваат  со придружник. Бесплатниот  одмор ќе трае од 1 до 7 јули, а за организирање на различни активности ќе биде ангажиран и волонтер од Црвен Крст Куманово.

Маици, шорцеви и креми за сончање обезбедени од донации волонтери од Црвен Крст ќе им поделат на децата непосредно пред заминување на одмор.

Бесплатниот одмор и рекреација за децата од социјало загрозени семејства го финансира Министерството за труд и социјална политика.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk