29-годишна трудница меѓу тројцата починати од ковид-19

08.08.2021 13:47 | Сузана Николиќ

Млада жена која била во подмината бременост е една од тројцата починати од коронавирус во Куманово. Таа починала на Клиниката за гинекологија и акушерсво во Скопје, а предходно била породена со царски рез и бебето е во инкубатор.

29-годишна трудница меѓу тројцата починати од ковид-19

Според болнички извори, таа била во седмиот месец од бременоста и пред десетина дена побарала помош на инфективното одделение во Општата болница Куманово. Еден ден доаѓала во дневната болница и еден ден лежела на одделението, па откако почнала да и се влошува состојбата била пратена на Инфективната клиника во Скопје.

Жената била без коморбидитети, а се заразила со ковид-19 на свадба. 

Починати се уште 2 жени од Куманово на 49 и 74 години. Постарата пациентка починала во Кумановската болница, а помладата во Скопје.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk