30 тони сол фрлено на кумановските улици

05.01.2017 11:05 | KumanovoNews

30 тони сол се фрлени утринава на улиците во централното градско подрачје и на периферијата на градот, информираат од Општина Куманово

30 тони сол фрлено на кумановските улици

– Интервенирано е во 7 часот во двете зони на градот. Со сол се посипани главните улици и булевари во централното градско подрачје кои се од прв приоритет и периферијата на градот која е втор приотитет. Фрлени се по 15-тина тони сол во источната и западната зона, што значи вкупно околу 30 тони, - изјави помошник-раководителот на Секторот за урбанизам Момчило Јовановски.

Поради тоа што снегот се топи на коловозот нема завеани улици и проблеми во сообраќајот.

За зимско оддржување на Куманово задолжени се компаниите Катинг од Скопје и Копинг-инжинеринг од Куманово за што општината одвои 30 милиони денари.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk