Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Почитувачи на ликот и делото на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, денеска одбележаа 36 години од смртта на врховниот командант.
По тој повод пред бистата на Градскиот плоштад цвеќе положија претставници на Комунистичката партија, Здружението на полициски и воени ветерани, партијата Левица и граѓаните. За ликот и делото на Тито зборуваше полковник во пензија Томислав Стојковски.
Зборуваме денеска за неговото грандиозно дело, вооружениот дел на револуцијата кога со мала група на комунисти се одважи да му се спротивстави на најголемото зло на 20-от век фашизмот и во Југославија да подигне востание за извојување на национална и социјална слобода“,- рече Стојковски.
Борко Стојановски во име на ветераните ги повика младите генерации да не се срамат и да го почитуваат делото на Тито, бидејќи големите држави му оддаваат признание.
„Њујоршки Тајмс пишува дека тој е еден од најголемите водачи на Балканот во неговото време. Тоа го покажа и денот на неговиот погреб кога се собраа 220 делегации од 180 земји од целиот свет. Тоа зборуваше за неговата величина“,- изјави Стојановски.
Членовите на Комунистичката партија со носталгија се сеќаваат на некогашниот лидер на КПЈ и командант на вооружените сили.Тие не кријат дека тоа време оставило голем белег на нивното детство, на младоста и воопшто на животот.
Со голема почит се сеќаваме на придобивките од тоа време. Ние продолжуваме по неговиот пат и мислам дека титовото дело никогаш нема да биде поголемо од она што е денес. За неговото дело, храброст, неговите стратегии ќе пишува историјата“,- изјави Олгица Димитријевска од КПМ
Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана. Погребан е во Куќата на цвеќето на Дедиње во Белград. Неговото вечно почивалиште досега го посетиле над 20 милиони луѓе.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk