4 дозволи за градба издадени во регионот

09.10.2013 10:58 | KumanovoNews

 Во североисточниот регион во август се издадени  вкупно 4 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

4 дозволи за градба издадени во регионот

Во Куманово е издадено едно одобрение за градба и тоа на деловен инвеститор. Во Крива Паланка се издадени 2 одобренија на деловни инвеститори, а во Општина Кратово е издадено само едно одобрение за градба на физичко лице.

Во Липково, Ранковце и Старо Нагоричане нема издадено дозволи за градба во август годинава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk