40 илјади садници за месните заедници

05.03.2012 15:23 | KumanovoNews

 Општината Куманово во соработка со ЗЕЛС и Македонски шуми Куманово, по повод 22 Март, Денот на пролетта ќе донира околу 40.000 зимзелени садници на месните заедници, урбаните заедници, јавни установи, училишта и невладини организации.

40 илјади садници за месните заедници

 Граѓаните на Куманово кои се заинтересирани за оваа акција можат да се јават во нивните месни заедници и огранизирано да спроведат пошумување. Локацијата и бројот на садници треба даго определат самите тие- вели Бобан Бојковски, инспектор за заштита на животна средина во општина Куманово.

За да подигнат садници од расадникот на Македонија шуми  Куманово, граѓаните прво треба да дојдат до Канцеларија за заштита на животна средина во Општина Куманово (зграда на катастар) за да добијат потврда, а потоа можат да ги земат подигната садниците.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk