50 слободни работни места во Куманово

02.01.2014 09:48 | KumanovoNews

22 огласи за вработување за педесетина слободни работни места во Куманово, објавени се на новиот сајт на Агенцијата за вработување.

50 слободни работни места во Куманово

Кумановски фирми бараат келнери, шивачки, дизајнер, технички секретар, стоматолози, продавач, произведувач на безалкохолни пијалоци, градежен инженер, сметководител, лекар и друго. Дел од огласите истекуваат за неколку дена, но има има такви кои траат до месец март.

Ако не можат секој ден, барем на 2 - 3 дена ги отвараат огласите. Не верувам дека сите огласи се реални, но барем на  половина од фирмите навистина им треба работник - вели Слаѓан С. од Куманово, кој е невработен.

Но има и луѓе кои изгубиле верба дека преку огласник може да се најде солидна работа.

Јас никогаш не читам огласи, туку се распрашувам преку пријатели, познаници. Денес се е толку партизирано, се е преку врски и нема што да се надевам на огласи. Цели 20 години сум невработена, со исклучок на некој краток период кога работев на црно - рече Гордана Поповска, невработена.

Во сите огласи за вработување во кумановските фирми без разлика дали се бара продавач или лекар е наведена плата од 8.050 денари која е загарантирана со закон како минимална.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk