Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Педесет и шест лица од Куманово добија гранд за самовработување во висина од 3000 евра и потпишаа договори за отпочнување на сопствен бизнис, преку мерките на владата, во Центарот за вработување во Куманово.
Најголем дел од нив ќе отворат занатчиски работилници, продавници, адвокатски канцеларии, стоматолошки работилници и помали производствени капацитети.
„ На првиот оглас, аплицираа 112 лица од кои 56 имаа најуспешни бизнис планови и денеска ги финализираме договорите. На вториот оглас се пријавини 71 невработено лице, а 46 бизнис планови се рагледуваат и до 15 октомври ќе бидат реализирани,- изјави Милорад Тренчевски, раководителот во Центарот за вработување Куманово.
Тренчевски тврди дека анализата покажала дека дури 80 проценти од започнатите бизниси успешно опстојуваат и се зголемил бројот на вработените. Поради големиот интерес за самовработување од денеска е отворен нов оглас за проектот „Македонија вработува 2“ кој ќе трае до 20 септември.
Преку мерките за намалување на невработеноста во Куманово досега се ангажирани 1.360 лица.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk