6 нови случаи на коронавирус, вкупниот број 48

19.03.2020 17:46 | KumanovoNews

Шест новозаболени лица од коронавирус се регистрирани денеска и вкупниот број сега изнесува 48, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

6 нови случаи на коронавирус, вкупниот број 48

Меѓу нив е и 4 годишно девојче од Штип, кое се инфицирало во градинка во Англија.

Останатите заболени се тројца од Дебар и по еден од Скопје и Гостивар.  Сите се во добра здравствена состојба.

Се тестираат уште 35 лица кои имале симптоми на кронавирус.

    Филипче соопшти дека сомнителни или заразени пациенти со коронавирус ќе се сместуваат и во градската болница „8-ми септември“ во Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk